in

(Фото) Акција „Иди Зима“ во Битола

Денес Битола се разбуди со знаци за предупредување од загадување.

Негрижата на локалната власт продолжува, а отсуството на одговорност и игнорирање на ситуацијата само го проширува и продлабочува проблемот со загадувањето во Битола.

Затоа, битолските активисти поставија знаци на шахтите. Да потсетат дека Иди зима!

Битола е град со најголем број на заболени од малигни неоплазми. Секоја нова зима како и претходните, не се преземаат никакви мерки, иако загадувањето е огромно.

Секоја нова зима како и претходните, Битолчани се болни и умираат. И во летните месеци нивото на загаденост е покачено, но зимата за Битола е погубна!

Потсетуваме: Иди зима, Битола ќе продолжи да умира…