Coffee time is any time

Fashion Group: За мажи со стил зимска колекција 20/21

Секоја сезона со себе носи нови и супер стилски машки колекции од бројните познати брендови што ги обожаваме.

Според нас, стилот секогаш треба да е предизвик, поради тоа што е толку забавен, а денеска имаме неколку совети за момците што знаеме дека ќе ги обожаваат.
Сметаме дека неколку безвременски правила се сè што им е потребно на момците да „блеснат“ во нивен стил оваа сезона.

Сите правила во модата се основаат на неколку основни парчиња во гардероберот и како истите треба да ги користиме. Кога говориме за есенцијалните парчиња што треба да ги поседувате, првото правило е кожената јакна. Јакната останува безвременски класик што секој маж мора да го поседува.

Меѓу класичните парчиња кои мажите треба ги ставаат на пиедестал, следното правило се однесува на класичните еднобојни панталони. Ние издвоивме неколку комбинации и бои кои секогаш се добар избор кога целите кон бизнис шик стилот.

Последното правило кое се однесува на класиците се костимите. Секој маж во својот плакар треба да поседува барем еден костим што добро му прилега, комплетиран со неколку вратоврски, според вкусовите и желбите. Во однос на кошулата, доколку не сакате да ризикувате белата е секогаш добар избор, но доколку сакате навистина да „блеснете“, ние издвоивме неколку кошули што ќе го постигнат тоа за вас.

Опремени со класиците, преминуваме на секојдневните предизвици – фармерките. Секој има различна идеја за тоа кои се идеалните фармерки, но нашиот совет е да одите со ‘slim-tapered’ – фармерки кои се малку пошироки од ногата, а може да се комбинираат со сите видови на обувки, од спортски патики до класични чевли.

Од секојдневниот стил омилено парче за сите момци се дефинитивно дуксерите. Правило е дека секој машки гардеробер мора да содржи барем неколку. Но, најважни се боите, стилот на дуксерот и како ќе го комбинирате, па ние имаме неколку идеи за вас.

Едно од најважните правила се чевлите, а особено е важно да одредите кои чевли со што ќе ги комбинирате.

Обидете се сите парчиња што ги обожавате да ги прилагодите на вашиот стил, а не обратно, и не двоумете се да преземете „ризик“ и понекогаш да експериментирате со нешто сосема ново и невообичаено.

Сите комбинации може да ги купувате од нашата бесплатна апликација или од fashiongroup.com.mk.

Можеби ќе ве интересира