ЕП 2020: Македонија неможе без драма и нерви – Лазаров со гол победник за прв триумф!

СПОРТ

Ракометна Македонија стартуваше со победа на 14-тото ЕП 2020 во ракомет што се игра во Австрија.

Македонија по голема драма и инфаркт завршница по голема борба ја победи Украина со 26-25, со гол во последната секунда на капитенот Кире Лазаров кој воедно беше и најдобар стрелец на мечот со 8 постигнати голови.

Имавме водство во текот на целиот меч, а во финишот на натпреварот имавме пад во играта што го искористи Украина за да го израмни натпреварот на 22-22.

Најголемата разлика ја имаше Македонија од 5 голови, но сепак крајот имаше драматична завршница.

Сепак до двата бода дојде Македонија која за два дена на 12 Јануари игра против првиот фаворит во нашата група Чешка, која пред нашиот натпревар со Украина забележа пораз од домаќинот Австрија со 32-29.

Нашиот гоман Никола Митревски заврши со 15 одбрани, Манасков постигна пет, по четири гола имаа Стоилов и Талески, кој, патем, беше прогласен за играч на натпреварот.

Кај противникот Остроушко со пет гола беше прв голгетер кај Украинците, а на голот на Комок имаше 13 одбрани.

Натпреварот со Чешка се игра в недела на 12 Јануари со почеток од 16 часот.