DRAMA Matinée: Време е на модата да и го вратиме достоинството во Македонија

МАГАЗИН

Модата во Македонија и соработките за 2019-2020 година беа темите на кои се дискутираа на првото DRAMA Matinée, предводено од Ивана Кнез модната дизајнерка и споственичка на Драма Студио. Пријатели на настанот беа винарија Стоби со нивните сортни вина и Дуна Евентс.

„Ова наше прво DRAMA Matinée беше наменето за директна отворена тетатет дискусија со седмата сила поточно модните новинари со кои искрено ги отворивме картите за тоа каде и на кое ниво е Македонија за модата и сите се согласивме дека време е на модата да и го вратиме достоинството во нашата земја. Искрено, би сакала следното Матине да го направиме со моите колеги и заклучоците да ги направиме заедно, да дејствуваме во општеството и да направиме еден поинаков пристап и пат за нас и за идните генерации“ вели Ивана Кнез.

Заклучоците кои се донесоа беа конкретни, потребата од модни дебати, конструктивни модни критики, настани на кои модата ќе биде во фокус, поддршка од и помеѓу колегите, како и конференции за спој на модата со различни култури во Европа.

„Драго ми е што новинарите кои присуствуваа имаат комплетно позитивно видување за нашата работа како модни дизајнери и имаме поддршка од нив. Сакам да се заблагодарам и да дадам навистина една почит кон нив кои тие за мене се креатори на јавното мислење за модата. Ги поканувам сите колеги да направиме второ Matinée и да делуваме агресивно во нашата дружава и регион во нашата област“ додаде Кнез.

Слични објави