Доделен автомобил од Телеком за корисник од Тетово

МАКЕДОНИЈА
  • Сенад Рамадани денеска ги доби клучевите од Citroën C3 Aircross SUV, главната награда од наградната игра „Дополни и добиј“
  • Во текот на наградната игра, секој ден се доделуваше по еден смартфон Samsung Galaxy А10

Сенад Рамадани од Тетово е среќниот добитник на автомобил Citroën C3 Aircross SUV, главната награда од припејд наградната игра „Дополни и добиј“ којашто ја организираше Македонски Телеком. Рамадани денеска ги доби клучевитe од својот нов автомобил.

Доделен автомобил од Телеком

„Ги користам Телеком услугите веќе 12 години. Како припејд корисник редовно дополнувам ваучер, два до три пати неделно, но воопшто не очекував дека токму јас ќе добијам награда автомобил. Навистина беше големо изненадување кога дознав дека Citroën C3 Aircross SUV ќе биде мој. Искрено, многу сум среќен. Не поседуваме автомобил, така што оваа награда е повеќе од добредојдена за моето петчлено семејство“, изјави Сенад Рамадани при врачувањето на клучевите од автомобилот, истакнувајќи дека неговите најблиски од фамилијата се задоволни корисници од услугите на Македонски Телеком.

Доделен автомобил од Телеком

Наградната игра се организираше за сите нови и постојни припејд корисници во периодот од 2 декември минатата година до 20 јануари годинава, додека главната награда беше извлечена на 21 јануари. Освен главната награда Citroën C3 Aircross SUV, секој ден додека траеше наградната игра, Телеком доделуваше и по еден смартфон Samsung Galaxy A10, а  сите корисници коишто се регистрираа за играта преку Telekom MK апликацијата, добиваа и 3GB интернет.