До каде отидоа феминистките? Дали навистина зборот „менструација“ се менува во „фемструација“?

ВЕСТИ

Феминистките во Европа, обединети во силно женско лоби кое има исклучителна моќ во политичката и социјалната сфера, веројатно одат чекор предалеку!

Според последните вести и соопштението испратено до неколку европски медиуми, во пресрет на 8 Март, феминистичките движења се пофалија дека извојуваа уште една победа и дека зборот „менструација“ ќе се преименува во „фемструација“ поради асоцијацијата на „маж“ („мен“ на англиски) во самиот термин.

„Менструацијата е практично единствената видлива полова разлика помеѓу мажите и жените и таа не е предодредена од ништо друго, туку единствено од нашата биологија. Зошто тогаш во коренот и етимологијата на еден типичен женски термин кој никако не може да се искористи во машки контекст, да се содржи зборот ‘маж’? Тоа за европската, самосвесна жена е недозволиво, а ние ќе одиме ако треба и чекор понатаму и ќе помогнеме во масовна популаризација на новиот термин во сите европските земји“, се вели во нивното соопштение.

Би сакале да веруваме дека овој потег е само уште еден феминистички хир, но во соопштението се вели дека барањето е веќе поднесено до Универзитетот во Оксфорд и дека се работи за иницијатива предводена од неколку релевантни европски невладини организации кои се борат за родовата рамноправност, што на веста сепак ѝ дава некаков кредибилитет.

Од друга страна, дали ставот на македонистите ќе биде дека терминот на македонски треба да претрпи транскрипција во „женструација“ поради зборот „жена“ во својата етимологија?

Дали и македонскиот речник ќе претрпи измени, ќе почекаме да видиме, но сигурно е дека феминистките овој пат отидоа предалеку, а дефинитивно и ја разбрануваа јавноста: дали воопшто треба да се менува, а ако се менува, дали ќе биде меѓународниот „фемструација“ или пак, „женструација“?

Премногу дилеми, но за каква цел?