“Денот се познава по утрото”!

КАФЕ

Не ретко сме ја чуле изреката „Денот се познава по утрото”! И тоа не е далеку од вистината! Кога денот ќе ни започне позитивно без нервози и тензии, голема е веројатноста целиот да ни биде таков. А наутро, вообичаените теми: Што да се облече, кој оди прв во купатило, што ќе носат децата, планови за нивно земање од школо, и многу други работи кои најчесто се случуваат наутро во домот….

Независно од тоа колку и како се планираат некои работи одвечер, утрото си носи свои специфичности. Независно дали сме сами, со партнер или семејство, она што е заедничко за сите е дека наутро ни недостига време и сите сме по малку нерасонети.

Решение во таква ситуација?

Да направиме турско кафе што е можно побрзо и набрзина да уживаме во неговиот вкус и арома. А токму такво е Black’n’Easy! Ќе се изненадите колку брзо тоа ќе ве расони и ќе ви ја даде потребната концентрација и енергија за успешно започнување на денот. Колку брзо ќе ве разбуди!

Black’n’Easy е автентично турско вкусно кафе со која ги буди умот и сетилата, а се подготвува за помалку од една минута, во три брзи чекори – 1) истури, 2) промешај, 3) пиј, а се што ви е потребно е само топла вода. Лесно како „1-2-3“.

А потоа можете да ги измиете забите, да подготвите доручек, да направите една серија вежби или пак да ги проверите профилите на социјалните мрежи, потоа се’ е полесно и поедноставно.

Следниот пат кога директно од креветот ќе скокнете на извршување на дневните обврски, не заборавајте да одвоите само момент за да направите силно, црно кафе со кое ќе ви започне денот. Black’n’Easy нека биде дел од вашиот утрински ритуал, кој ќе Ве подготви на обврските што следуваат.

Денот носи брз ритам, обврски и какви се’ не ситуации, но барем утрото нека биде како што треба. Black’n’Easy – турско кафе кое ќе ве разбуди за минута!