Денеска очекувајте нова цена на горивата со нова методологија – Трговците сами ќе ја определат!

ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од ноќеска на полноќ нафтените деривати треба да добијат нова цена за продажба, а трговците со деривати треба сами да ја одредат малопродажната цена.

Новите цени граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи. Договорот со Хеленик петролеум, според кој Регулаторната комисија ги утврдуваше цените на дериватите истече, а новата регулатива по која во иднина ќе треба да се одредуваат цените заглави во собраниските лавиринти.

Трговците најмалку една недела самите ќе ја одредуваат малопродажната цена.

Најголемиот трговец на нафта и нафтени деривати во земјава, Макпетрол веќе ги скрои новите цени.

Бензините, 95 и 98 ќе ги продава поевтино за еден денар односно ќе чинат 71 и 73 денари, додека дизелот поскапува за половина денар, и од полноќ ќе се продава по 64 денари за литар.