Денеска на полноќ горивата со нова цена

Регулаторната комисија за енергетика денес ги објави новите цени на горивата и според нејзината одлука, оваа седмица ќе се покачат малопродажните цени само на некои од горивата.

ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ и Екстралесното масло за домаќинство ќе поскапат за 0,50 денари за литар и нивните новоутврдени цени кои ќе важат од ноќеска на полноќ се 69,50 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-98, литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 60,50 денари, додека малопродажната цена на Екстралесното масло за домаќинство ќе изнесува 50,00 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува непроменета, односно 67,00 денари за литар.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, оваа седмица малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.66%.

You must be logged in to post a comment Login