Денеска е Вртолум, денот кога се врти Сонцето кон зима – Ова никако не смеете да го правите!

ВЕСТИКУЛТУРА

Според календарот на МПЦ, денеска е голем празник посветен на Св. апостоли Вартоломеј и Варнава или кај народот познат како Ден кога се врти Сонцето.

Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Денеска според народните верувања е денот кога Сонцето се врти кон зима Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички.

Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се роди на островот Кипар.

Беше Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите му го дадоа името Варнава, што значи Син на утехата.

Заедно со свети Павле и Марко проповедаше во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар. Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го заврши маченички на Кипар. Пострада од Евреите.

Според народните верувања, овој празник е многу важен за христијанството и се смета дека токму денеска е Вртолум, денот кога Сонцето се врти кон зима.

Народните обичаи заповедуваат на овој ден да не се работи. Народот овој ден исто така го поврзува со вртење на Сонцето и се верува дека токму на овој ден Сонцето се врти кон зима а тоа е и видливо со око, како што многумина веруваат.

Според неколку очевидци тоа е видливо, и гледајќи во Сонцето успеале да видат кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.