Декан проф. д-р Лазо Пендовски: Факултет за ветеринарна медицина- Скопје успешно ги спроведува он-лајн предавањата

МАКЕДОНИЈА

Денеска ги одржавме првите он-лајн предавања на студентите и со тоа успешно ја продолжуваме академската година и во време на пандемија, истакна деканот проф. д-р Лазо Пендовски на Факултет за ветеринарна медицина-Скопје.

По препораките на Министерство за образование и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, професорите од факултетот подготвиле он-лајн предавања а студентите со интерес ги следеле.

Лазо Пендовски

„Мнозинството на студенти се вклучија во он-лајн предавањата за следење од дома кои беа за денешниот распоред и термините кои ги имаат професорите. Факултетот набави лиценци за користење на платформата ZOOM.US на кои професорите и студентите имаат свои акаунти, а задолжително е за сите. Очекуваме така да продолжи и во следниот период и ќе се трудиме да имаме успешна студентска година.“ вели деканот проф. д-р Лазо Пендовски.

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје е формиран во 1991 година и е полноправна членка на Европската асоцијација на ветеринарни факултети (EAEVE) со студиски план од 5.5 години, 11 семестри, каде наставниот процес се одвива според ЕКТС.

Сите предложени промени се одраз на следењето на актуелните состојби во ветеринарството во земјата и Европската унија, светската ветеринарна наука но и општествените состојби особено во областа на земјоделството и стопанството во целина.