Чини малку пари но ја разбива миризбата – Направете природен дезодоранс

МАГАЗИН

Дезодорансите кои ги купуваме за неутрализирање на мирисот на потта, најчесто се полни со хемикалии кои штетно влијаат на кожата и потните жлезди.

Направете си сами природен дезодоранс употребувајќи само сода бикарбона која е одлична алтернатива за индустриски произведените дезедоранси, па делотворно ги отклонува сите непријатни мириси.

Што треба да направите?

Помешајте пола лажичка сода бикарбона со малку вода и веднаш нанесете под раката. Ако сакате да го запрете потењето, помешајте пченкарен скроб и сода во размер 6:1 и нанесете на саканото место.

Дезодорансите иако нудат заштита од 24-часа, природни состојки и нега, сепак, тие се оние кои ви ги затвораат порите и го спречуваат природниот процес на исфрлање штетни материи преку потта.

За вистински да го неутрализирате мирисот, а потта да функционира нормално, потребно е сите состојки да бидат природни и да бидете сигурни дека нема да ви предизвикаат алергии или посериозни болести.

Затоа, најдобро решение е сода бикарбоната.