Честитајте го големиот празник со овие прекрасни божиќни пораки

КУЛТУРА

Православните верници утре и задутри ги чествуваат големите христијански празници Бадник и Божиќ.

Утревечер сите се подготвуваат за традиционалната бадникова вечер во пресрет на Божиќ, а многумина си разменуваат и убави пораки за раѓањето на Исус Христос.

Затоа ние ви издвојуваме повеќе божиќни пораки со кои ќе им го честитате празникот на најблиските.

-На денешниот ден опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди тогаш тивко речи ХРИСТОС СЕ РОДИ!

-Кога последната свеќа на бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божиќ – ХРИСТОС СЕ РОДИ!

-Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.

-Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.

-Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост,во љубовта среќа. Сето ова го рекол Исус кога се родил и навистина се роди.

-Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ – Христос се роди.

-Христовата светлост нека ви го осветли домот, среќата нека ја победи тагата и Бог нека ви подари се што немате и сочува се што имате….Христос се роди!