Black Friday: Брр… 33% пониски цени на Liebherr фрижидери – германски квалитет со луксузен дизајн

ТЕХНОЛОГИЈА

Светскиот бренд Liebherr со својата широка палета на фрижидери и ладилници од 23ти до 25ти ноември на Black Friday во сите продавници на Техномаркет на своите потрошувачи им нуди до 33% попуст.

„Со задоволство би сакале да ги известиме сите наши потрошувачи дека на Black Friday имаат можност дел од нашите апарати да ги купат до -33% само во продавниците на Техномаркет. Во фокусот го издвојуваме моделот CTP 2521 Comfort со тоа што e наменет за фамилијарно користење во домаќинствата, со А++ класа на енергетска ефикасност, висок 140, широк 55 и длабок 63 сантиметри, со капацитет од 231 литар. Сите наши модели се иновативни со одлични германски стандарди на квалитет и луксузен дизајн“  велат од Liebherr.

Liebherr како компанија произведува 400 различни модели на фрижидери и ладилници со димензии кои одговараат за сечиј дом или работната просторија – имаат корисни функции, автоматско ладење, свеж центар со 6 различни температурни зони и LED светла.

Компанијата е лидер во креирањето трендови за овој тип апарати, нивните модели ги има во речиси сите бои од палетата – црна, беж, црвена, сина, зелена, портокалова. Се нудат и ограничените серии – со креативни дизајнерски налепници како и со Piant Art. Сите производи имаат гаранција од 3 години со можност за продолжување на 10.

Факти за Liebherr – една страст, многу можности

Liebherr дистрибуира повеќе од 7.000 виасококвалитетни фрижидери и ладилници од фабриките на Liebherr, кои се со 100% техничка и визуелна контрола.

Целосната палета на производи може да се погледне или нарача во секоја продавница на Техномаркет во Македонија.

Liebherr е семејна компанија која стана позната по изумот на само-подигнувачки подвижен кран, основана од Ханс Либхер во 1949 година во Германија.

Денес тие се 100% семејна компанија со која управува втората и третата генерација.  Вработуваат речиси 44.000 луѓе. Liebherr International се наоѓа во Буле, Швајцарија и вклучува 11 независни делови.

Германската Liebherr фабрика за фрижидери и ладилници има скоро 2.000 вработени и произведува висококвалитетни премиум линии, самостојни и вградени модели. Годишното производство е 775.000 производи.

Во 80-тите години во Австрија беше основана втора фабрика за ладилници на Liebherr во Лиенц. Со фокус на апарати за комерцијална употреба и вински ладилници, а годишното производство изнесува 400.000 производи и вработува 1.300 луѓе.

Од 2000-та година во Бугарија, Liebherr отвора трета фабрика по ред за домашни апарати за ладење. Годишниот капацитет расте со текот на годините со самиот факт дека 2.000 вработени во текот на една година произведуваат речиси 1.000.000 фрижидери и ладнилници.

Повеќе информации на нивниот веб сајт Liebherr.com.

Слични објави