Бидете секогаш насмеани – Ќе ви донесе животна и финансиска моќ!

ЖИВОТ

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, заработуваат повеќе и другите повеќе им веруваат.

Луѓето кои искрено се смеат им испраќаат порака на другите дека можат да им се доверат и да соработуваат со нив. Исто така, оние кои повеќе се насмевнуваат, оставаат впечаток на великодушни и отворени личности.

Жените кои не ја тргаат насмевката од лицето на мажите им се повеќе привлечни, а насмеаните луѓе полесно поминуваат во животот за разлика од намрштените.

Насмевката, исто така, може да ве извлече од непријатните ситуации.

Луѓето кои се фатени како ги кршат правилата понекогаш реагираат со насмевка, а американското истражување покажало дека тоа е добар потег, бидејки на пример, студентите кои се насмеале кога биле фатени дека препишуваат, добиле поблаг прекор од професорите.

Економистите откриле дека смеењето има парична вредност, а пример се насмеаните келнерки кои секогаш добиваат поголем бакшиш, а стјуардесите понекогаш биле платени за да се смеат.