Аурора Бореалис – експлозија во вашите очи

Очи во очи со ѕвездите

ПАТУВАЊЕ

Запознајте се со хотелот „Buubble“ или уште по познат како „5 Million Star Hotel“. За љубителите на природата, за романтичарите и уживателите на природните појави, пронајдовме хотел кој е очигледно „must see“ односно нешто кое едноставно мора да се види.

На само 1.5 до 2 часа возење со кола, источно од градот Рејкјавик, Исланд се наоѓа овој извонреден хотел кој нуди бескрајна релаксација.

Можете да си резервирате „соба“ во нивните пет Балон соби тотално транспарентни. Се наоѓаат во самата шума, сите распространети во близина на главната куќа каде што се наоѓаат кујна и тоалет.
Овие балони се сосема транспарентни со само еден удобен брачен кревет во средина, полнач за вашиот мобилен, без интернет конекција и без телевизор – Вашиот телевизор е небото.

Секоја соба има вентилациски систем кој не испушта никаква врева и ја регулира влажноста во воздухот, но и елемент за загревање со термостат со што собите остануваат топли преку зима.

Една ноќ во овој прекрасен хотел чини 275-285 долари, вреден за својата глетка и комфорт.
Во самите соби има слабо осветлување, оставено е само осветлувањето на 5 милионите ѕвезди над Вас.

Доколку имате среќа пак, погледнете нагоре кога веќе сте таму. Природната убавина наречена поларна светлина ќе ужива пред Вашите очи. Доколку Аурора танцува, вие ќе имате приватно шоу под ѕвездите. Така што овој хотел останува во вашите листи за нови доживувања, за искуствата вреди да се плати.