5 совети за подобро физичко и менталното здравје од вашиот физиотерапевт Илија Жежов

ЖИВЕЈ ЗДРАВО
Физиотерапевт Илија Жежов

На многумина им е тешко да се решат да изберат здрав начин на живот, но тоа секако е добар потег, бидејќи на тој начин го чувате физичкото и менталното здравје.

Постојат програми за вежбање кои ветуваат неверојанти трансформации на телото и тоа за кратко време, но таквите методи се исцрпувачки. Ако сакате таков предизвик, тогаш почнете да вежбате, а ако не сте таков тип кој сака резултати веднаш, има друго решение. Почнете со пешачење, бидејќи тоа не предизвикува оптеретување на зглобовите. Тоа ќе ви помогне да ја зголемите издржливоста на организамот и да го подобрите метаболизмот.

Пијте доволно вода

Пиење доволно количина вода е од витално значење за вашето здравје. Правилната хидратација го поттикнува варењето на храната, функциите на органите и ги штити зглобовите. Со внесување доволно количина вода ја одржувате кожата здрава и ги елиминирате токсините од огранизмот.

Свеж воздух и сонце

Излегување на сонце има корисни ефекти, а еден од најважните е тој што кога сме на сонце, се создава витамин Д, кој помага на телото да апсорбира калциум, кој е клучен за создавање цврсти и здрави коски. Ниското ниво на витамин Д може да доведе до развој на карцином, дебелина, висок крвен притисок, дијабетес и депресија.

Одмор и опуштање

Никогаш не го потценувајте добриот сон. Поради брзиот живот, на телото му е потребен одмор, а недоволно сон и опуштање доведува до умор, депресија и напнатост. Подолг период без сон доведува до нарушување на расположението, можноста за правилно расудување и паметење, а може да предизвика и болест на срцето и депресија.

Јадете природна храна

Кога пазарувате и кога ги читате состојките на храната која ја купувате, а не може да ги изговорите, тогаш знајте дека тие не се за вашето тело. Свежо овошје и зеленчук, протеини и житарки се најдобра храна за вашето тело. Најдобро е самостојно да ја подготувате храната. Внимавајте на лековите, пастата за заби, шампоните, сапуните, геловите за туширање и каква козметика користите.

Текст: Физиотерапевт Илија Жежов

Слични објави