29 април втор ден Велигден е неработен ден за сите граѓани на Македонија

ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вториот ден на Велигден, според православниот календар, 29 април 2019 година, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Министерството во исто време, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.